Ѓорческа на едно коло од главната ждрепка на ВТА турнирот во Бил!

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа се пласираше во третото квалификациско коло на 250.000 долари вредниот ВТА турнир во Бил, Швајцарија.

Во втората квалификациска рунда, Ѓорческа славеше со 6-4,4-6,6-4 против Летонката Диана Марчинкевица. Во утрешното последно коло од квалификациите, македонската тенисерка ќе игра против првата носителка во квалификациите, Александра Сашнович од Белорусија, која е на 111. место на ВТА ранг листата.

Се вчитува...