Ѓорческа не можеше да го издржи денешниот „пеколен ритам“ во Будимпешта: Пораз во четвртфиналето

Најдобрата македонска тенисерка, Лина Ѓорческа не можеше да го издржи денешниот „турбо ритам“ од два меча на ИТФ фјучерсот вреден 25.000 долари во Будимпешта.

Откако утрово експресно во два сета славеше против Сиња Краус во осминафиналето, во попладневните часови загуби во четвртфиналето од третата носителка Река-Лука Јани од Унгарија.

Унгарката триумфираше со 6-0 и 6-3 во сетови, пласирајќи се во полуфиналето на турнирот.

Се вчитува...