Ѓорческа остана без трофејот во Осијек

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа, е поразена во финалето на ИТФ турнирот во Осијек, Хрватска. Тодони од Романија беше подобра од Ѓорческа во сетови 2-0 (4-6 и 3-6).

Романката имаше подобри бројки во сите параметри, и освои дури шест брејк поени од девет обиди, за разлика од Ѓорческа која освои само четири од седум.

Ѓорческа на патот до финалето ги елиминираше Дадачиу од Романија, потоа Нјириќ од Хрватска, па Кан од Русија, и во полуфиналето ја елиминираше Амареи од Романија.

Се вчитува...