Ѓорческа по многу борба запрена во четвртфиналето на турнирот во Виена

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа не успеа да се пласира во полуфиналето на ИТФ турнирот вреден 60.000 долари во Виена, Австрија.

Ѓорческа во четвртфиналето по многу борба загуби од Романката Ирина Бара по дваипол часа игра.

Првиот сет Романката го доби во тај-брек со 7-6 (5), а вториот со 6-4 и покрај тоа што македонската тенисерка имаше предност и од 2-4.

Се вчитува...