Ѓорческа, по тешка тричасовна битка, запрена во полуфиналето на турнирот во Истанбул

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа не успеа да се пласира во финалето на ИТФ фјучерсот вреден 25.000 долари во Истанбул, Турција.

Ѓорческа е запрана во полуфиналето од романската тенисерка Георгина Шербан. Во тежок меч низ три сета, македонската тенисерка загуби по три часа игра. Првиот сет Ѓорческа го доби со 7-6, во вториот имаше неколку брејки топки при 6-5, но не успеа да го освои сетот кој Романката го доби со 6-7. Последниот сет Шербан го доби со 3-6 за конечна победа.

Се вчитува...