Ѓорческа победнички тргна на турнирот во Севилја

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа на најдобар можен начин ги започна своите настапи на ИТФ турнирот во Севилја, откако со победа од 2-0 во сетови ја мина првата препрека. Лина за противник ја имаше тенисерката Реј Гарсија и без многу проблеми дојде до посакуваната победа.

Младата Шпанка одигра тврд прв сет и не се откажуваше од својот сервис, па одлучувачки беше тај-брејкот, кој припадна на нашата тенисерка со 15-13. Сепак, во вториот сет Ѓорческа покажа со какви квалитети располага и на противничката ѝ дозволи само два гема, за конечни 6-2.

Следен противник на Ѓорческа ќе биде подобрата од мечот меѓу Матоула и осмата носителка Ди Џузепе.

Се вчитува...