Ѓорческа поразена и во дубл во квалификациите за Вимблдон

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа немаше свој ден, откако за само неколку часа покрај поразот во сингл загуби и во конкуренција на двојки во квалификациите за Вимблдон.

Македонката во овие квалификации настапи заедно со Русинката Полина Монова (191. на ВТА-листата), но не успеаја да триумфираат во пресметката со Американките Вајнхолд и Вориски, инаку осми носителки во квалификациите. Американските тенисерки го добија рутински првиот сет со 6-3, но Ѓорческа и нејзината партнерка имаат за што да жалат во вториот сет.

Имено, во тајбрејкот тие имаа предност од огромни 6-3, но не искористија три сет топки, по што Американките со пет поени во низа славеа со 6-8, добивајќи го сетот, воедно и мечот.

Се вчитува...