Ѓорческа поразена и во финалето во двојки на турнирот во Севилја

Најдобрата македонска тенисерка, Лина Ѓорческа по поразот во поединечна конкуренција попладнево, загуби и во финалето во двојки на ИТФ фјучерсот вреден 25.000 долари во Севилја, Шпанија.

Ѓорческа заедно со Хрватката Тена Лукас во финалето загубија од шведско-корејската двојка Хенеман-Ку во два сета, со 7-5, 6-1.

Како што е познато, претходно во поединечна конкуренција беше запрена во полуфиналето од 19-годишната Русинка Елина Аванесјан.

Се вчитува...