Најдобрата македонска тенисерка, Лина Ѓорческа уште на самиот старт го заврши настапот во квалификациите за вториот гранд-слем турнир во сезоната, францускиот Ролан Гарос.
Тетовчанката денеска во првото коло во меч кој имаше и прекин поради дожд, загуби од фаворизираната Холанѓанка, Сузан Ламенс (129. на ВТА листата) со максимални 2-0, по сетови 6-4 и 6-3.
Сленда шанса за историски прв настап на еден гранд-слем турнир Ѓорческа ќе има на Вимблдон, за кој во моментов има ранкинг за учество во квалификациите.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
