Ѓорческа поразена на стартот на квалификациите за Ролан Гарос

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа доживеа пораз на стартот од квалификациите на гранслем турнирот Ролан Гарос, што се одржува во Париз. Таа загуби од Квирин Лемоан од Холандија, која се наоѓа на 160.место на ВТА – листата, со 2-1 во сетови, иако го доби во своја корист првиот сет.

Лина Ѓорческа одлично го започна мечот и го освои првиот сет со 6-3 во гемови. Добро се држеше и на стартот од вториот, а се играше израмнето до 3-3. Но, потоа попушти концентрацијата на македонската тенисерка, а Лемоан тоа знаеше да го искористи и освои три гема по ред, комплетирајќи го сетот со 3-6.

Идентично беше и во третиот решавачки сет. Лемоан поведе со 2-0, но потоа Лина Ѓорческа освои три гема последователно. Сепак, Холанѓанката имаше повеќе сили, и оттогаш тргна во победничка серија, за да го добие сетот со 6-3.

Се вчитува...