Ѓорческа поразена на стартот на силниот Челинџер во Истанбул

Најдобрата македонска тенисерка, Лина Ѓорческа, го заврши својот настап на турнирот во Истанбул уште во првото коло, откако претрпе пораз од кинеската тенисерка Џинран Сун со 1-2 во сетови (4-6, 6-4, 4-6).

Мечот помина во голема борба и чести пресврти. Иако Ѓорческа добро го отвори првиот сет со брејк, Сун брзо се врати во игра и го доби сетот со 6-4. Македонката возврати со иста мера во вториот сет, израмнувајќи на 1-1 по силен отпор.

Сепак, во одлучувачкиот сет, двете тенисерки се мачеа да го задржат својот сервис, а во таквата игра на брејкови, Сун беше поконцентрирана во финишот и славеше со нови 6-4 за конечна победа.

Се вчитува...