Ѓорческа поразена во осминафиналето на фјучрсот во Германија

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа го заврши својот настап на ИТФ фјучрсот кој се игра во германски Хехинген.

Во осминафиналето на фјучрсот вреден 60.000 американски долари нашата најдобра тенисерка по голема борба загуби од Словенката, Зива Фалкнер со 2-1, по сетови 6-4, 3-6 и 4-6.

Иако Македонката подобро го отвори натпреварот и го доби првиот сет, немаше сила во следните два за ново четвртфинале.

Се вчитува...