Најдобрата македонска тенисерка, Лина Ѓорческа доживеа елиминација во осминафиналето на фјучрс турнирот во Москва вреден 25 илјади американски долари. Ѓорческа во осминафиналето загуби од шестата носителка на турнирот, Русинката, Анастасија Захарова со 2-0, по сетови 6-3 и 6-2.
Во конкуренција на двојки, Ѓорческа со својата партнерка Тена Лукас од Хрватска беше елиминирана уште во првото коло од белоруско-казахстанскиот пар Јулија Хатука и Гозаи Анидинова.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА