Ѓорческа против Русинката Мелникова во битка за четвртфинале на силниот турнир во Визбаден

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа ќе игра против Русинката Марина Мелникова во битка за четвртфиналето на силниот меѓународен ВТА турнир вреден 80.000 долари во Визбаден, Германија.

Ѓорческа ќе се сретне со четвртата носителка на турнирот Мелникова (189. место на ВТА листата), откако во 1/16-финалето славеше против Италијанката Турати, со 2-1 во сетови, 7-6, 5-7, 7-6.

Македонската тенисерка, која е 327-мо рангирана на ВТА листата, преку квалификациите обезбеди место на главнит турнир во Визбаден.

Се вчитува...