Ѓорческа се квалификуваше за настап на турнирот во Секешфехервар

Лина Ѓорческа со две победи во квалификациите успеа да избори пласман на ИТФ W75 турнирот што се игра во унгарскиот град Секешфехервар.

По голема борба и меч што траеше повеќе од два часа ја совлада романската тенисерка Андреа Присакариу со 2-1 во сетови (3-6, 6-1, 7-6) и тоа по целосен пресврт.

Турнирот се игра за награден фонд од 60.000 долари.

Се вчитува...