Ѓорческа се пласираше во 1/4 финалето во Виена

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа по голема борба и меч во три сета успеа да ја совлада четвртата носителка Леире Ромеро Гормаз од Шпанија на фјучрсот во Виена (награден фонд 60.000 долари) со 2-1 во сетови (6-2 1-6 7-5) за два часа и 13 минути. Двете тенисерки имаа ист број брејкови Ѓорческа 8/15, а ривалката 8/11, а мечот имаше драматична завршница и нашата тенисерка испушти три меч топки. Во вкупниот број поени македонската тенисерка беше подобра 84:80.

Првиот сет мина во доминација на Ѓорческа која по 2:2 во гемови имаше серија од четири гема и сетот го заврши со 6:2. Но, следниот сет беше спротивна слика. Шпанката Гормаз поведе со 3:0, па следуваше гемот на Ѓорческа за сетот да заврши со 6:1 за шпанската тенисерка.

Во решавачкиот сет се водеше голема борба. Ѓорческа успеа да поведе со 5:3 во гемови, но следниот гем на свој сервис го освои противничката и во десеттиот гем Ѓорческа почна одлично поведе со 40/0, но потоа не искористи три меч топки и Гормаз изедначи на 5:5. Сепак следеше нов брејк на македонската тенисерка за водство од 6:5. Во 12.тиот гем Ѓорческа не ја повтори грешката и ја искористи 4.та меч топка.

Во следното коло противничка на Ѓорческа ќе и биде носителката број 6 Романката Ирина Бара. Двете тенисерки добро се познаваат имаат одиграно шест меча, а Романката има подобар скор (4:2) со тоа што ги има добиено последните два меча кои беа одиграни во 2023 година.

Се вчитува...