Ѓорческа се пласираше во главниот ждреб на силниот турнир во Макарска

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа успеа да направи голем успех и да се пласира во главниот ждреб на силниот ВТА челинџер во Хрватска, Макарска.

Тетовчанката во квалификациите на 125.000 американски долари вредниот турнир славеше против Деа Херделаж од Босна и Херцеговина со максимални 2-0, по сетови 6-3 и 6-2.

Ѓорческа со самиот настап во главниот ждреб на овој триумф ќе заработи нови ВТА бодови со кои сигурно ќе го поправи пласманот на ранкингот каде во моментов се наоѓа на 230. позиција.

Се вчитува...