Ѓорческа се закити со трофејот во Минск

Лина Ѓорческа продолжува со одличните настапи во дубл откако заедно со Анастасија Комардина од Русија стигна до троејот на турнирот што се одржуваше во Минск.

Ѓорческа и Комардина направија подвиг со вчерашниот полуфинален триумф над првите носителки, по што денеска полни со самодоверба влегоа во финалето против Кремен и Шиманович од Белорусија. Домашните тенисерки го добија првиот сет во тајбрејк, Македонката заедно со руската партнерка возвратија триумфирајќи со 6-4 во вториот сет, за потоа во тајбрејкот од третиот сет да слават со 10-8 и да се закитат со трофејот.

Ова е втора титула за Ѓорческа и Комардина во изминатите дваесетина дена откако претходно триумфираа и на турнирот во Есен, Германија.

Се вчитува...