Ѓорческа сигурно до четвртфинале во грчки Хераклион

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа се пласираше во четвртфиналето на ИТФ фјучрсот во грчки Хераклион.

На турнирот вреден 40.000 американски долари, тетовчанката во осминафиналето славеше над Шпанката, Андреа Лазаро Гарсија со максимални 2-0, по сетови 7-5 и 6-0.

Во четвртфиналето Ѓорческа за противник ќе ја има Романката Кристина Дину.

Се вчитува...