Ѓорческа славеше во игра на двојки на ИТФ фјучрсот во Грузија

Најдобрата македонска тенисерка, Лина Ѓорческа заедно со нејзината партнерка Валерија Страхава славеа на ИТФ фјучрсот во Грузија во конкуренција на двојки. Парот Ѓорческа Страхава успеа во финалето по пресврт да ги совлада аргентинско/италијанскиот пар Викторија Босио и Анџелика Мортали со 2-1, по сетови 4-6, 6-4 и 10-5.

Откако го загубија првиот сет со 6-4, Ѓорческа и нејзината партнерка возвратија со иста мера, а во супертајбрејкот во третиот сет беа подобри со 10-5.

Ова за тетовчанката беше 43 трофеј во игра на двојки во кариерата.

Се вчитува...