Ѓорческа со импресивна игра до ново финале

Лина Ѓорческа продолжи со одлични игри на турнирот во Куршумлијска бања, Србија, откако денеска со маестрално издание се пласираше во големото финале за само 58 минути игра во полуфиналето.

Ѓорческа за противничка во полуфиналето ја имаше Доминика Салкова од Словачка (352. на ВТА-листата), која не се покажа како посериозен ривал за нашата најдобра тенисерка. Имено, Македонката фуриозно го почна мечот добивајќи го првиот сет со 6-1, потоа лесно славеше и во вториот со 6-3, за ново финале во оваа 2023 година.

Во второто полуфинале ќе играат Даниела Висмане (Летонија) и Антонија Ружиќ (Хрватска).

Се вчитува...