Ѓорческа со нов скок на ВТА-листата

Лина Ѓорческа забележа скок од една позиција на најновата ВТА-листа. Така, македонската тенисерка сега се наоѓа на 180. позиција на рангирањето на најдобрите во светот во овој спорт, што е најдобар ранкинг на Ѓорческа во нејзината кариера. Таа изминатата седмица стигна до полуфиналето од турнирот во Рим, што беше доволно за напредок од една позиција во однос на претходната ранг-листа.

Новиот ранкинг донесе и промена на самиот врв, па така Анџелик Кербер ја мина Серена Вилијамс и се искачи на првото место. Американката, која ќе отсуствува долго време од терените откако обелодени дека е бремена, сега е второпласирана, а на третото место остана Каролина Плишкова. Симона Халеп со освоениот пехар во Мадрид оствари скок од четири позиции, па моментно е четврторангирана во светот, пред Цибулкова, Конта, Мугуруца, Кузнецова, Радванска и Вознијацки.

Се вчитува...