Ѓорческа со победа го стартуваше новиот фјучерс-турнир во Ираклион

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа со триумф го стартуваше фјучрсот во грчкиот град Ираклион на Крит, кој се игра за награден фонд од 40.000 долари.

Македонската тенисерка во првото коло ја победи квалификантката од Германија, Ана Габриќ со 2-1 во сетови (2-6, 6-2, 7-5) во меч што траеше два часа и шест минути.

Двете тенисерки мечот го завршија со по пет двојни сервис грешки, а Ѓорческа го имаше единствениот ас во мечот. Нашата тенисерка имаше подобар процент на искористени брејк топки 7/9, а притоа успеа и да спаси 8 брејк топки. Македонската тенисерка освои и три поени повеќе 85:82.

Утре во второто коло Ѓорческа ќе игра со победничката од мечот меѓу Елени Кристофи (Грција) и Андреа Лазаро Гарсија (Шпанија).

Се вчитува...