Македонската тенисерка Лина Ѓорческа со убедлива победа од 2-0 и со само еден загубен гем (6-1 6-0) избори пласман во полуфиналето на фјучрс турнирот во грачкиот град Ираклион на Крит. Таа во шестиот меѓусебен меч по четврти пат ја совлада Кристина Дину од Романија.
Самиот меч почна со брејк на Дину и водство од 1:0 пред се како резултат на двете двојни сервис грешки на Ѓорческа, која подоцна направи неверојтан серија од 12 гема и со тоа го доби мечот на убедлив начин. Ѓорческа утре ќе го игра своето седмо полуфинале во 2023 година.
Утре во полуфиналето противничка ќе и биде Русинката Екатерина Макарова (2 носителка), која денеска ја победи Кристина-Андреа Мицу од Романија со 2-0 во сетови (76(5) 62). Ѓорческа и Макарова имаат одиграно еден меч, минатата година во финалето на фјучрсот во Ираклион, а победи Макарова по голема борба и меч во три сета 2-1 (6-4 5-7 7-5).
Во второто полуфинале на турнирот ќе играат Бренда Фрухвиртова (1 носителка, Чешка) и Леире Ромеро Гормаз од Шпанија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА