Ѓорческа со скок од осум места, мал пад на Калин Ивановски

Лина Ѓорческа продолжува да напредува на ВТА-листата, па така најдобрата македонска тенисерка се наоѓа на 218. на најновото рангирање во женскиот тенис. Пласманот во полуфиналето на турнирот во Скопје и донесе нови бодови на Лина, која забележа скок од осум места во однос на претходното рангирање. Во конкуренција на двојки Ѓорческа е во ТОП 300 и се наоѓа на 299.то место со 256 поени, подобар пласман за четири места од претходната седмица.

Скок од 68 позиции има и Магдалена Стоилковска, која освои два ВТА-поени и моментно се наоѓа на 1244. место на ВТА-листата.

Калин Ивановски има пад од две позиции во однос на минатата седмица и се наоѓа на 330. место на новата АТП-листа. Горазд Србљак забележа пад од осум места и се наоѓа на 1100 позиција, додека Обрад Марковски не успеа да ги одбрани поените и откако остана со 4 поени (два помалку) забележа пад од 169 места и сега се наоѓа на 1382.то место.

Од македонските тенисери оваа недела настап ќе имаат Калин Ивановски на фјучрс во Сетубал, Португалија, Горазд Србљак, Обрад Марковски и Шендрит Деари се на фјучрсот во Србија, со тоа што Марковски и Деари се дел од квалификациите.

Се вчитува...