Ѓорческа со триумф го започна турнирот во Србија

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа по освојувањето на трофејот во Коксејде со победа од 2-1 над Вероника Ерјавец го започна фјучрсот во Врњачка Бања.

Македонката го доби првиот сет со 7-6, а следеше одговор на Словенката која стигна до изедначување во вториот сет кој го доби со 6-2. Oдлучувачкиот трет сет повторно и припадна на Ѓорческа која славеше со 6-3.

Ѓорческа останува на теренот бидејќи денеска ја очекува и натпревар со нејзината партнерка Велерија Страхова во дабл мечот против Вероника Ерјавец и Нефиса Берберовиќ.

Се вчитува...