Ѓорческа со убедлив триумф на стартот на ИТФ фјучрсот во Коксијд

Нашата најдобра тенисерка, Лина Ѓорческа со победа го стартуваше настапот на ИТФ Фјучрсот во Коксијд Белгија. Таа во првото коло славеше над Тис Суњо од Швајцарија со максимални 2-0, по сетови 6-1 и 6-1.

Ѓорческа во 2. коло ќе игра со подобрата од мечот меѓу Анџела Фита Болуда од Шпанија и домашната тенисерка Софија Костулас.

Ѓорческа на турнирот е поставена за седма носителка.

Се вчитува...