Ѓорческа сопрена во полуфиналето на фјучрсот во Хамбург

Најдобрата македонска тенисерка, Лина Ѓорческа заедно со нејзината партнерка Софија Лансере загубија во полуфиналето во игра на двојки на ИТФ фјучрсот во Хамбугрг, Германија.

Во полуфиналето подобри од македонско-руската двојка беа четвртите носителки Амандин Хесе од Франција и Кимберли Зимерман од Белгија со максимални 2-0, по сетови 7-5 и 7-5.

Претходно нашата најдобра тенисерка не успеа да ги помине квалификациите за пласман на главниот турнир во Хамбург во сингл конкуренција.

Се вчитува...