Ѓорческа убедливо до четвртфинале во двојки на турнирот во Марибор

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа заедно со нејзината партнерка Мариам Болквадѕе од Грузија се пласираа во четвртфиналето на ИТФ фјучрсот во Марибор.

Македонско-грузискиот пар убедливо славеше над домашните претставнички Бети Бутина Јазбец и Зоја Петернел со максимални 2-0, по сетови 6-1 и 6-1.

Во полуфиналето Ѓорческа и Болквадѕе би можеле да се судрат со првите носителки на турнирот Хартоно и Томбаре.

Се вчитува...