Ѓорческа во четвртфиналето на ИТФ фјучерсот во Врњачка бања

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа ќе игра во четвртфиналето во поединечна конкуренција на ИТФ Фјучерсот во Врњачка бања, Србија, откако во осминафиналето ја совлада Јапонката Фуна Козаки во два сета, со 7-5 и 6-4.

Во четвртфиналето ќе игра против Ана Шишкова од Чешка, која со 7-6 (6) и 6-4 ја елиминира Пемра Озген од Турција.

Ѓорческа исто така ќе игра во полуфиналето во двојки заедно со Валерија Страхова од Украина. Во првото коло со 6-2 и 7-5 беа подобри од Нефиса Берберовиќ (БиХ) и Веронија Ерјавец (Словенија), а четвртфиналниот дуел го предадоа Хрватките Тена Лукас и Тара Вурт.

Се вчитува...