Ѓорческа во четвртфиналето на турнирот во Франција

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа се пласираше во четвртфиналето на ИТФ фјучерсот вреден 25.000 долари во Денаин, Франција.

Ѓорческа, која е прва носителка на турнирот, во 2. коло ја совлада домашната тенисерка Малаури Ноел во два сета, со 6-4, 7-5. Во вториот сет македонската тенисерка имаше негатива од 3-5 но освојувајќи четири едноподруго гема стигна до триумфот.

Во битката за полуфиналето, Ѓорческа ќе се соочи со Јапонката Кихиро Мураматсу.

Се вчитува...