Ѓорческа во четвртфиналето на турнирот во Киасо

Најдобрата македонска тенисерка, Лина Ѓорческа се пласираше во четвртфиналето на ИТФ фјучерсот вреден 25.000 долари во Киасо, Швајцарија.

Ѓорческа во второто коло денеска убедливо славеше против 20-годишната домашна тенисерка Клара Грим победувајќи со 6-2,6-3. Во четвртфиналето ја очекува пресметка со Катинка Вон Дихман од Лихтенштајн.

Денеска македонската тенисерка, заедно со својата партнерка Александрина Најденова, како први носителки, ќе играат и во четвртфиналето во двојки против швајцарската двојка Ин-Албон/ Кенел.

Се вчитува...