Ѓорческа во четвртфиналето на турнирот во Унгарија

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа се пласираше во четвртфиналето на ИТФ фјучерсот вреден 25.000 долари во Баја, Унгарија.

Ѓорческа во второто коло на турнирот славеше против осмата носителка Наталија Костиќ од Србија, лесно во два сета со 6-4,6-2.

Во четвртфиналето македонската тенисерка ќе се соочи со домашната тенисерка Река-Луца Јани, која е четврта носителка.

Се вчитува...