Ѓорческа во финалето во двојки на турнирот во Грузија

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа ќе игра во финалето во двојки на 25.000 долари вредниот ИТФ-фјучерс во Телави, Грузија.

Ѓорческа заедно со Украинката Валерија Страхава во полуфиналето славеа против третите носителки на турнирот, Сузан Леменс и Лекси Стивенс од Холандија. Првиот сет го добија Холанѓанките со 6-8, но потоа Ѓорческа и Страхава ги добија следните два сета со 6-2 и 10-8 за конечен триумф.

Во финалето на турнирот македонската тенисерка ќе игра против аргентинско-италијанската двојка Викторија Босио и Анџелика Моратели.

Се вчитува...