Ѓорческа во полуфиналето на турнирот во Португалија

Најдобрата македонска тенисерка, Лина Ѓорчека се пласираше во полуфиналето на ИТФ фјучерс турнирот во Обидош, Португалија, кој се игра за награден фонд од 25.000 долари.

По успешниот старт во првите две кола, Ѓорческа успешно ја мина и третата пречка, Лена Руфар од Германија. Македонката го доби првиот сет со 6-2, додека во вториот сет при водство на Ѓорческа од 4-1 противничката го предаде мечот.

Во полуфиналето Ѓорческа ќе игра со подобрата од дуелот меѓу Дајана Радановиќ од Србија и Амина Аншба од Русија.

Се вчитува...