Ѓорческа во тешка битка загуби од првата носителка во полуфиналето на силниот турнир во Визбаден

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа одигра уште еден квалитетен меч на силниот ВТА турнир кој се игра за награден фонд од 80.000 долари во Визбаден, Германија, но загуби во полуфиналето во три сета од првата носителка, Французинката Клара Бурел.

Ѓорчека, која е на 320. место на ВТА лигата, одигра одлично против француската тенисерка, која е на 91. место на ВТА листата, но не успеа комплетно да ја изненади во мечот кој траеше повеќе од два часа.

Првиот сет со 6-4 го доби македонската тенисерка, но потоа со идентични 6-4 и 6-4 следните два сета и припаднаа на Бурел за конечна победа.

Се вчитува...