Ѓорческа запрена во финалето во Бол

Лина Ѓорческа не успеа да се закити со нов трофеј во дубл во својата кариера, откако македонската тенисерка претрпе пораз во денешното финале од ВТА-турнирот во Бол, Хрватска.

Ѓорческа со својата партнерка Најденова за противнички ги имаше Чуанг и Ворацова, кои ја оправдаа фаворитската улога и славеа со максимални 2-0 во сетови. Откако во првиот сет достојно им се спротивставија на фаворитките, но загубија со 4-6, Ѓорческа и Најденова немаа сили да се вратат во продолжението, губејќи го вториот сет со 2-6.

Се вчитува...