Лина Ѓорческа не успеа да се пласира во финалето на турнирот „Триглав опен“ во Скопје, откако денеска загуби од Ива Приморац со 2-0 (6-4, 7-6). Ѓорческа имаше неколку можности да стигне до подобар резултат, но не успеа да парира на хрватската тенисерка.
Ѓорческа имаше негатива по првиот сет, кој го загуби по голема борба, особено во осмиот гем. Кога беше 4-3 за неа имаше неколку пати предност да дојде до 5-3, а хрватската тенисерка секогаш успеваше да се врати и на крајот да дојде до пресврт од 5-4, а во последниот сет на сервис на Ѓорческа да дојде и до 6-4 и така Приморац да го освои првиот сет.
Во вториот сет исто така Ѓорческа имаше предност и свој сервис, но повторно предност на Приморац од 5-4, но Ѓорческа потоа зеде брејк и израмни на 5-5. Во 11 гем, Ѓорческа дури после петтата брејк топка успеа да дојде до предност до 6-5. Лина пропушти шанса да дојде до 1-1, откако го загуби гемот на нејзин сервис, и Приморац израмни на 6-6, со што сетот се решаваше во тај-брејк.
Таму Приморац дојде до предност од 5-1, Ѓорческа се врати и дојде на 5-3, па беше 6-3, а Ѓорческа не се предаде и стигна до намалување од 6-5 и спаси две меч топки. Меѓутоа на крајот Приморац дојде до 7-5 во тај-брејкот и конечен триумф.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА