Ѓорчевска прерано го заврши турнирот во Белгија

Македонската тенисерка Лина Ѓорчевска ИТФ турнирот во Белгија го заврши во второто коло откако загуби во пресметката со Ангела Болуда со 2-0 (6-0, 6-2).

Нашата најдобра тенисерка потфрли против доминатната Шпанка која испушти само два гема на целиот меч.

Како потсетување, претходно Ѓорчевска беше доминатна против Швајцарката Суњо со 6-1 и 6-1, но не успеа да ја префрли добрата игра и во продолжението од турнирот.

Се вчитува...