Ѓорчевска запрена во четвртфиналето во Врњачка бања

Македонската тенисерка Лина Ѓорчевска го заврши настапот во поединечната конкуренција на турнирот во Србија. На патот на Ѓорческа застана чешката тенисерка Ана Шишкова која во четвртфиналето славеше со 2-0.

Чехињата го доби првиот сет со 6-3, а потоа беше поубедлива во вториот кој и припадна со 6-1 и се пласираше во полуфиналето од турнирот кој се одржува во Врњачка бања.

За Ѓорчевска останува уште најмалку еден натпревар на овој турнир каде заедно со украинката Валерија Страхова ќе се сретне во полуфиналето во дабл-конкуренцијата против венецуелката Андреа Гамис и бразилката Каролина Алвеш.

Се вчитува...