„Гордиот Албион“ е магнет за публика, вечерва се очекуваат 27.000 гледачи на „Арената“

Иако натпреварот на македонската фудбалска репрезентација против најдобрата во групата Англија нема никакво резултатско значење, сепак, селекцијата на „Гордиот Албион“ е магнет за публиката секаде каде и да гостува, па така ќе биде и вечерва на Националната Арена „Тодор Проески“ во Скопје.

Околу 27.000 гледачи се очекуваат на стадионот вечерва, односно да бидат полни северната, јужната и западната трибина, додека на источната, каде што ќе бидат сместени англиските навивачи да има околу 1000 гледачи.

Картите за овој натпревар веќе се распродадени уште пред неколку дена, и тоа за 48 часа откако беа пуштени во продажба низ целата земја. Вечерва се очекува вистински спектакл во Скопје.

За потсетување дека ФФМ соопшти со оглед на безбедносни причини, вратите на стадионот ќе бидат затворени 30 минути пред почетокот на натпреварот, и апелираше секој кој има билет порано да се упати кон Националната Арена.

Се вчитува...