Црвена Звезда стигна до третата последователна победа во Евролигата откако на домашен терен славеше против Макаби во неизвесна завршница со 69-68. Белградскиот тим беше подобриот противник во поголемиот дел од мечот, но на крај стравуваше за двата бода.
„Црвено-белите“ имаа предност од 69-62 на две минути пред крајот, но со грешките во нападот успеаја да го вратат противникот во игра. „Гордоста на Израел“ стигна до само „минус еден“, имаше и напад за победа со 23. секунди на семафорот, но Ивановиќ успеа да го поремети ритамот со обид за украдена топка.
По „валкањето на теренот“ топката остана во рацете на Израелците, а овој пат имаа само 10. секунди за реализација. Обидот за победа го имаше поранешниот кошаркар на Црвена Звезда, Лоренцо Браун, но 32-годишникот го промаши обидот за три поени за големо славје на домашните навивачи.
Недовиќ со 12 поени ја предводеше Црвена Звезда додека него го следеше Мартин со 11 поени и 6 скока. Браун со 23 поени, 7 асистенции и 6 скока го предводеше Макаби.
Ова е втор пораз на израелскиот гигант во Белград оваа сезона. Претходно против „сино-жолтите“ славеше и Партизан добивајќи го евролигашкиот дуел со 96-88.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА