Ѓоре Јовановски останува на кормилото на Работнички и во следната сезона. Тој постигна договор со раководството на клубот за нова едногодишна соработка, со опција за продолжување на уште една дополнителна година.
„На заедничко задоволство, Ѓоре Јовановски ќе го предводи тимот на Работнички и следната сезона. Постигнавме договор за продолжување на соработката за 1+1 година. Презадоволни сме од неговата работа, тој успеа да избори пласман на тимот во квалификациите за Лигата на Европа, иако секако нема да ја занемариме и работата на претходните тренери, кои дадоа свој голем придонес во заедничкиот успех. Сега не очекува дефинирање на тимот за следната сезона и се надеваме на успешни настапи на европската сцена, како и во новиот шампионат на Македонија“, вели претседателот на клубот, Драган Поповски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА