Ѓоре Јовановски: Сакаме што подобро да се подготвиме за Европа!

Шефот на стручниот штаб на Работнички, Ѓоре Јовановски денеска го означи стартот на подготовките за настапите во квалификациите за Лигата на Европа.

Јовановски посакува успешна подготовка на тимот, иако е јасно дека ќе треба и време за комплетно воигрување поради извесните промени во однос на составот кој ја заврши претходнава сезона…

„Сакам да им се заблагодарам на фудбалерите кои успеаја да обезбедат пласман на Работнички во Лигата на Европа. Дел од нив заминаа, но фудбалот е таков. Почеток е на подготовките, акцент на стартот е ставен на физичка способност… На 18 јуни, во Банско против Славија Софија ќе го одиграме и првиот пријателски натпревар за време на летните подготовки. Фокусот сега секако е ставен на добра подготовка за настапот во Европа. Со сениорскиот тим се вклучени и десетина млади фудбалери од кои ќе се црпи и иднината на Работнички“ – истакна Јовановски на денешната средба со медиумите по означувањето на почетокот на подготовките со „романтичарите“.

Се вчитува...