Ѓоре Јовановски: Важен триумф против Скопје, ќе се надигруваме и со Ренова

Ѓоре Јовановски го презеде кормилото и Работнички веднаш има поинаков лик. „Романтичарите“ успешно ја комплетираа мисијата на „Железарница“, победувајќи го Скопје со 0-1 изминатиов викенд. Веќе утре тимот ќе има нов предизвик на гостувањето против Ренова во Тетово.

Тренерот Ѓоре Јовановски е задоволен од изданието што екипата го имаше на претходниот меч и посакува ритамот да се задржи и за пресметката против „гипсарите“.

„Остваривме важна победа на едно тешко гостување. Скопје на негов терен оваа пролет не успеаја да го победат ниту Шкендија, ниту Вардар, а ете ние освоивме три значајни бода. Честитки за фудбалерите за прикажаната игра, за борбеното издание, и се надевам дека ќе продолжиме во ист ритам и против Ренова. Ќе биде тоа ново искушение, теренот е одличен на Градскиот стадион во Тетово и ќе ги имаме сите услови за вистинско надигрување. Ренова е квалитетен тим, ги респектираме, но и веруваме во своите квалитети. Јас сум тренер кој се обидува да ги користи сите потенцијали во тимот, секој играч е важен и ќе добие шанса да даде придонес за Работнички“, вели Ѓоре Јовановски за официјалниот сајт на клубот.

Се вчитува...