Ѓорѓев го води Шафхаузен кон швајцарската елита

Никола Ѓорѓев минатата сезона со Грасхоперс обезбеди влез од втората во првата швајцарска лига, а македонскиот интернационалец е блиску истиот успех да го повтори и годинава, како член на Шафхаузен.

Тој во јануари пристигна во новиот клуб од редовите на Грасхоперс и конечно блесна кога е најважно за Шафхаузен, во битките за влез во елитата. Шафхаузен денеска се сретна со тимот на Криенс, славеше со 4-1, а најзаслужен беше токму Ѓорѓев, кој двапати го матираше противничкиот голман, првиот гол го постигна во 39. а вториот во 48. минута од натпреварот.

Тимот на Македонецот моментно се наоѓа на првото место на табелата, а во втората швајцарска лига само шампионот обезбедува директен влез во елитата, додека второпласираната екипа ќе игра бараж со претпоследниот тим од првата лига.

Се вчитува...