Ѓорѓев останува во Грасхоперс до 2022 година

Македонскиот репрезентативец Никола Ѓорѓев го продолжи договорот со швајцарскиот клуб Грасхоперс. Тој останува да ги брани боите на Грасхоперс до 2022 година, а тоа го заслужи со добрите игри во изминатиот период.

Ѓорѓев досега има одиграно 66 натпревари за овој тим и постигна девет гола.

„Задоволни сме што го продолживме договорот со Никола Ѓорѓев. И покрај неговата младост, тој има големо искуство и е важен дел од офанзивата на Грасхоперс. Оваа сезона постигна осум гола на 20 натпревари“, изјави извршниот директор на клубот, Фреди Бикел.

 

Се вчитува...