Некогашниот младински репрезнтативец Никола Ѓорѓев, имаше одлична вечер во дресот на швајцарски Арау, откако постигна гол и асистираше за вториот во победата на својот тим над Баден на гостински терен.
Ѓорѓев со гол во 13. минута го најави триумот, а во 65. минута запиша и асистенција. На крајот домашниот тим само го ублажи поразот.
За Ѓорѓев ова беше петти гол во швајцарската втора лига. Арау и натаму е во игра за првите две позиции кои носат промоција во Супер лигата, но и натаму се далеку со оглед дека заостануваат 12 бодови од второпласираниот Тун.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА