Ѓорѓев стрелец во победата на Грасхоперс

Поранешниот македонски репрезентативец Никола Ѓорѓев беше стрелец за Грасхоперс во победата од 2-1 против Шафхаузен во 6.коло од швајцарската Челинџ лига.

Грасхоперс ја запре серијата од два едноподруго порази и со триумфот се врати на второто место на табелата. Ѓорѓев, кој го постигна својот втор гол сезонава, стрелаше во 45. минута од средбата за водство од 1-0.

Се вчитува...