Ѓорѓев стрелец во триумфот на Грасхоперс

Поранешниот младински репрезентативец на Македонија, Никола Ѓорѓев беше стрелец за Грасхоперс во триумфот на пријателскиот натпревар против австриски Алтач.

Швајцарскиот прволигаш славеше со 3-0 против Алтач а Ѓорѓев беше стрелец на вториот погодок во 74. минута од средбата.

21-годишниот Ѓорѓев, кој е поранешен фудбалер и на Твенте и Арау, низ подготвителниот период ќе се обиде да се наметне во првиот тим на Грасхоперс за новата сезона во швајцарскиот шампионат.

Се вчитува...